Denesen
Како што пишува Плусинфо, веројатно разочарани од однесувањето на Филипче и од неговата променада во Дубаи, а и од многу други причини, голем број партиски кадри од т.н. прва постава на Централниот и на Извршниот одбор, како и од пратеничката група на СДСМ, едноставно, не дошле на седницата на Бихаќка, на која е донесена одлука за свикување партиски конгрес.
Седницата се одржала на работ на кворум, а отсуствувале поранешниот лидер Димитар Ковачевски, генералниот секретар Миле Зечевиќ, секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ, досегашните потпретседатели Стефан Богоев и Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничката Славјанка Петровска, Андреј Петров, Петре Шилегов и неколку членови на Извршниот одбор, повеќе пратеници… Од фотографиите објавени од седницата токму на страницата на СДСМ, може да се забележи дека на работната маса лидерот го придружува еден член на стручните служни на Бихаќка и Јон Фрчковски, во непознато својство. Denesen