Средбата на министрите беше можност за разговор на одредени прашања кои се во надлежност на двете министерства, со размена на позитивни искуства кои би значеле подобрување на досегашните политики и пракса.
Двете земји имаат долгогодишна соработка во областите кои ги покриваат, а потврда за тоа се склучените договори за соработка во областа на трудот, социјалната сигурност и вработувањето, како и потпишаната Изјава за намера за соработка на полето на социјалната политика, каде што се опфатени прашањата поврзани со социјалните услуги за семејството, жените, децата, старите лица и лицата со попреченост. Republika
На средбата стана збор и за младинските политики кои Министерството ги опфаќа во насока на создавање на можности за младите и нивно задржување во земјата, како и инклузијата на ранливите категории на граѓани, децата, лицата со попреченост, Ромите.
Притоа беше нагласена важноста на семејството како основна клетка во општеството и оттука и важноста на политиките кои имаат за цел поддршка на семејствата. Republika
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во рамки на работната посета на Република Турција, денеска учествуваше на шестиот Меѓународен самит за жените и правдата, кој оваа година е со тематски наслов – Жените во ерата на вештачката интелигенција (ВИ): Растечки предизвици и зголемени можности. Press24