Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) упатува апел до граѓаните доколку најдат угината дива птица, патки или гуски, веднаш да ја известат АХВ.
Апелот на АХВ доаѓа по неодамнешните случувања кога во Скопје, кај две угинати диви птици, во два изолирани случаи, беше потврдена болеста птичји грип (авијарна инфлуенца). Болеста птичји грип, како што појаснуваат од АХВ, иако станува збор за зооноза, во вакви случаи, не претставува сериозна закана за ширење на болеста, ниту кај птиците ниту кај луѓето.