Работната посета на Тирана, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, ја заокружи со средбата со државниот министер и главен преговарач на Албанија со ЕУ, Мајлинда Дука.
Акцентот на разговорите беше ставен на тековните активности во евроинтегративниот процес на двете земји од аспект на Планот за раст на ЕК и Реформските агенди на двете земји, статусот на преговарачките структури како за пристапните преговори, така и за РА и ги разгледаа можностите за заеднички билатерални и регионални ЕУ проекти. Republika
Напредокот е значителен, вели министерот, но „потполно сме свесни дека интеграцијата во ЕУ мора да биде повеќе од исполнување низа технички одредници“.
Перспективите за пристапување кон Унијата, додаде, не го одразуваат само усогласувањето на политиките, туку и приближувањето на судбините. Nezavisen
Во тој контекст, најнапред Муртезани упати честитки до албанскиот колега за неодамна одржаната втора Меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што го започнува преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја, според ревидираната методологија за проширување, со отворање на преговорите по Кластерот 1 – „Темели“.
Воедно, тој ја потенцираше подготвеноста на Македонија за отпочнување на преговорите до крајот на годината, што би бил дополнителен импулс за континуитет на заедничките напори во пробивот на европскиот пат. Kanal5