1 (12) ■ вести > балкан > регион ■ 03-May 12:59 -> 03-May 14:43
.
.
.
.

Сериозно е нарушена здравствената состојба на Александар Вучиќ

  • Вучиќ е примен на Воено-медицинската академија во Белград

Александар Вучиќ ја откажа планираната посета на САД поради влошување на здравствената состојба и побара медицинска помош веднаш по враќањето во Белград, објави претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Белград, а веднаш од аеродромот беше примен на Военомедицинската академија (ВМА). Претседателот бил пречекан во Военомедицинската академија во од министерот за здравство Златибор Лончар, неофицијално Да потсетиме дека рано утрово ја прекина посетата на Америка, каде што требаше да се сретне со претседателот Доналд Трамп, бидејќи му се слошило.

2 (7) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 03-May 13:34 -> 03-May 14:49
.
.
.
.

Загина 13-годишник во судар на два мопеди, друг малолетник е тешко повреден

  • Трагедија: 13-годишно момче почина во Прилеп во судир на два мопеди, и другиот мотор бил управуван од малолетник

На 02.05.2025 година во 08.50 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во село Лажани, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу два мопеди, едниот марка „Бенели“ а другиот марка „Пежо“, и двата мопеди без регистарски таблици, а управувани од 13 годишен и од 14 годишен малолетник, инаку и двајцата од село Лажани.

Вчера година во 08.50 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во село Лажани, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу два мопеди, едниот марка „Бенели“ а другиот марка „Пежо“, и двата мопеди без регистарски таблици, а управувани од 13 годишен и од 14 годишен малолетник, инаку и двајцата од село Лажани.

3 (6) ■ вести > македонија > политика ■ 03-May 13:29 -> 03-May 14:18
.
.
.
.

Николоски: За две и пол години ќе имаме завршен автопат Тетово-Гостивар

  • Автопатот Тетово-Гостивар долг 17,5 километри ќе биде готов за две и пол години

Денеска почнуваме нов проект, автопатoт Тетово-Гостивар, дел од коридор 8. За две и пол години од денеска ќе имаме автопат по сите прописи и сите стандарди какви што заслужуваат граѓаните од Полошкиот регион и од целата држава, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на почетокот на градежните работи.

Денеска почнуваме нов проект, автопатот Тетово-Гостивар, дел од Коридор 8 За две и пол години од денеска ќе имаме автопат по сите прописи и сите стандарди какви што заслужуваат граѓаните од Полошкиот регион и од целата држава, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на почетокот на градежните работи.

13 (36) ■ вести > македонија > политика ■ 02-May 14:06 -> 02-May 21:59
.
.
.
.

КОВАЧКИ: Ахмети се заканува, бега од вистината и се крие зад партиски знамиња

  • Ахмети: Го цениме смелиот чекор на Таравари, тој многу порано сфати дека оваа влада е антиалбанска

  • ЛИДЕРОТ НА ДУИ СЕ ЗАКАНИ: Ако Али Ахмети излезе на улица, враќање нема

  • Ахмети: Прашањето за локалните избори сè уште не е дискутирано

Легитимно е да се протестира.

На прашањето дали за локалните избори има некаков договор со лидерот на Алијанса за Албанците и актуелен министер за здравство Арбен Таравари, Ахмети рече дека во текот на неделава ќе бидат повикани сите органи на партијата и ќе бидат разгледани сите прашања ДУИ и „Европски фронт“ сè уште не донеле одлука како ќе настапуваат на локалните избори што треба да се одржат во октомври годинава, изјави денеска првиот интегративец Али Ахмети, додавајќи дека ќе бидат повикани сите партии од коалицијата, при што ќе се разгледа целата ситуација.

Доколку екс министерот за економија Крешник Бектеши се најде на обвинителна клупа за пожарот во „Пулс“ во Кочани, ДУИ излегува на улица, вели за лидерот на партијата Али Ахмети.

Претседателот на Демократската унија за интеграција – Али Ахмети во изјава за медиумите истакна дека неговата партија и „Европскиот фронт“ сè уште не донеле одлука како ќе настапуваат на локалните избори кои треба да се одржуваат во октомври годинава.

Повеќе од
оваа категорија

52 (8) ■ спорт > фудбал ■ 02-May 15:22 -> 02-May 22:02
.
.
.
.

Солена казна за ФК Гостивар по инцидентот со Работнички

  • Дисциплинска комисија на ФФМ: Одземени 9 бода на ФК Гостивар и десет натпревари забрана за настап на свој терен

Дисциплинската комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска донесе одлука да го казни ФК Гостивар со одземање на 9 (девет) бодови освоени во тековната натпреварувачка сезона и парична казна во износ од 2.500 евра поради напуштање на теренот на натпреварот во рамки на 29. коло од Прва МФЛ меѓу екипите на ФК Гостивар АД и ФК Работнички АД. Минатото коло донесе нов скандал во ПМФЛ, фудбалерите на Гостивар решија предвреме да го напуштат натпреварот против Работнички во знак на протест.

Дисциплинската комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска донесе одлука да го казни ФК Гостивар со одземање на 9 (девет) бодови освоени во тековната натпреварувачка сезона и парична казна во износ од 2.500,00 евра поради напуштање на теренот на натпреварот во рамки на 29. коло од Прва МФЛ меѓу екипите на ФК Гостивар АД и ФК Работнички АД. ФК Гостивар се казнува со парична казна во износ од 5.000,00 евра поради слаба организација и присуство на неслужбени лица во оградениот дел од теренот (службени простории) на натпреварот од 29. коло.

Повеќе од
оваа категорија

95 (6) ■ бизнис > македонија ■ 02-May 08:01 -> 02-May 12:35
.
.
.
.

▷ Значителен раст во енергетскиот сектор во март 2025 година

  • МЕРМС: Значителен раст во енергетскиот сектор во март 2025 година

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека, според најновите податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот „Енергија“ во март 2025 година бележи значителен раст од 13.8% во однос на истиот месец претходната година.

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот „Енергија“ во март 2025 година бележи значителен раст од 13.8% во однос на истиот месец претходната година, соопшти денеска Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС). - Особено позитивен е растот од 12.9% во групата „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“, што претставува силен показател за стабилноста и динамиката во енергетскиот сектор.

98 (4) ■ бизнис > економија > политика ■ 02-May 16:11 -> 02-May 20:18
.
.
.
.

МЕЏИТИ: Во Кавадарци инвестираме над еден милион евра во подобрување на водната инфраструктура

  • ▷ Меџити: Во Кавадарци инвестираме над еден милион евра

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денес беше во посета на општина Кавадарци како дел од владината делагација предводена од премиерот Христијан Мицкоски која направи увид во реализацијата на повеќе проекти од различни области што се реализираат со државна помош.

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денес беше во посета на општина Кавадарци како дел од владината делагација предводена од премиерот Христијан Мицкоски која направи увид во реализацијата на повеќе проекти од различни области што се реализираат со државна помош.

188 (4) ■ авто > автомобилизам ■ 01-May 11:46 -> 01-May 12:47
.
.
.
.

Претседателката на „Тесла“ демантира дека Бордот на директори барал наследник на Маск

  • Претседателката на Tesla негира дека Бордот барал замена за Маск

Претседателката на „Тесла“, Робин Денхолм, денеска ги демантираше медиумските извештаи дека членовите на Бордото на директори на компанијата се обратиле до фирми за барање раководни кадри за да најдат замена за извршниот директор Илон Маск, јави ДПА Денхолм изјави на „Х“ дека извештајот на „Волстрит џурнал“ е „апсолутно лажен“ и дека Бородот на директори на производителот на електрични возила е „цврсто уверен“ во способноста на Маск да „продолжи да го спроведува“ планот за раст на компанијата, јавија британските медиуми.

Претседателката на „Тесла“, Робин Денхолм, денес ги отфрли медиумските тврдења дека членовите на Одборот на директори на компанијата се консултирале со агенции за регрутирање кадри со цел да пронајдат замена за главниот извршен директор Илон Маск, пренесе ДПА.