Околу 350 деца Роми, на возраст од три до шест години, ќе престојуваат бесплатно во јавните градинки во 21 општина во државава.
Во рамки на проектот „Инклузија на децата Роми во јавните општински установи – детски градинки“, денеска беа потпишани договори за соработка меѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади, општините и градинките на нивна територија каде што ќе бидат згрижени децата од таа етничка заедница. Skopjeinfo
Во секој Извештај за Прогресот на Република Македонија на Европската Комисија, овој Проект беше посочуван како успешен модел за зголемување на нивото на образование кај ромската популација,“ рече Лимани.
Тој посочи и дека, проектот придонел за зголемување на стапката на запишување на децата во прво одделение, но и како држава да станеме лидер во регионот со најголем број на вклучени деца Роми, во сите нивоа на образование. Republika