Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска информира дека согласно член 6 став 2 од Законот за санитарната и здравствената инспекција, до министерот за здравство ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на петгодишното дете на Детската клиника во Скопје. A1on
ДСЗИ исто така има забелешки и во однос на организацијата, работата на Клиниката особено во делот на дежурства кога се ангажираат само специјализанти, а за што од страна на ДСЗИ претходно е издадено решение за кое роковите се во тек.
Согласно член 6 став 2 од Законот за санитарната и здравствената инспекција до министерот за здравство ДСЗИ ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на детето – потенцираат оттаму. Plusinfo
Го воделе повеќе различни лекари, но по две недели состојбата му се влошува и починува.
Министерот за здравство Арбен Таравари сѐ уште не го добил извештајот од Државниот здравствен и санитарен инспекторат од вонредниот надзор на Клиниката за детски болести по смртта на петгодишното девојче со воспаление на мозокот. Faktor