Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи, кој од вчера е суспендиран од функцијата, денеска на прес-конференција пред Обвинителството, обвини дека кривичната пријава против него поднесена од страна на Републичкиот јавен обвинител, има тенденцијата да го отстрани и заќути, како и да ги заплаши и другите колеги кои што постапуваат согласно законот, а се со цел, како што рече, да се донесат нарачани одлуки.
Шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи денеска повторно го обвини републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски дека му врши брутален притисок, со цел Вишото ЈО да донесе нарачана одлука за предметот со бонусите во порашешното Специјално јавно обвинителство, односно да ја потврди одлуката на ЈО за гонење на организиран криминал и корупција за одбивање на кривичната пријава што ја поднесе партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Шефот на скопското вишо јавно обвинителство Мустафа Хајрулахи е под истрага, по пријава на вработени на кои им е шеф, но и поради сомнеж за местење на предмети.
Кривичната пријава против јавниот обвинител за малтретирање во вршење на службата беше поднесена до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија од страна на група вработени во Вишото јавно обвинителство Скопје, по што таа беше проследена на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Штип.