Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со амбасадорот на Македонија во Букурешт, алудирајќи на сериозни процедурални и административни процедури, истакна дека Андреј Жерновски не можел да биде отповикан, бидејќи тој официјално никогаш и не станал амбасадор.
Одговорот на новинарското прашање, Муцунски го даде на денешниот прес со министерот за надворешни работи на Малта, Иан Борг. Skopjeinfo
Дополнително, онаму каде ќе биде потребно, вели ќе ја достави и неговата лична карта во Романија, која се издава на дипломати, на која пишува дека е амбасадор на Република Северна Македонија во Букурешт.
Истата е издадена од Министерството за надворешни работи на Романија. Nezavisen