Во член 5 по ставот (3) се додава нов став (4) кој гласи: Правно или физичко лице може во Република Северна Македонија да врши дејност на публикување информативни содржини во вид на текст, аудио или аудиовизуелен формат преку онлајн медиум – интернет портал, доколку дејноста ја впише во Централниот регистар на Република Северна Македонија, има седиште и уредништво во Република Северна Македонија, има најмалку две (2) лица во редовен работен однос и поседува мк-домејн.
По ставот (5), кој станува став (6), се додава нов став (7), кој гласи: Регистарот на издавачи на онлајн медиуми – интернет портали содржи податоци за фирмата и седиштето, односно назив и адреса на издавачот на онлајн медиум – интернет портал; име и презиме на одговорното лице на издавачот на онлајн медиум – интернет портал; името на онлајн медиумот – интернет порталот; податоци за сопственикот на мк-домејнот.“ Во член 6 се додава нов став (3) кој гласи: Издавач на онлајн медиум – интернет портал е должен да преземе соодветни мерки со помош на технички средства или со адекватна заштита за ограничување, да оневозможи пристап на малолетните лица до електронски публикации со порнографска содржина, како и текстуална, вербална или визуелна содржина со која се глорифицираат физички, вербални или психолошки облици на садизам и слични видови насилство. A1on
На годишното Собрание членовите на здружението ги прифатија предложените измени во Законот за медиуми кои Министерството за дигитална трансформација ги објави на ЕНЕР (Електронски национален регистар на прописи на Македонија). Измените и дополнувањата на Законот за медиуми се во насока на усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ, како и внесување на онлајн медиумите (интернет порталите) во законот. Plusinfo