Во рамките на двете посети реализирав средби со директорите на кои ми беше презентирана организациската структура и капацитетите на овие оддели, како и нивниот пристап во справување со современите безбедносни предизвици.
Разговаравме за можности за соработка во делот на обуките за нашите полициски сили, со цел јакнење на капацитетите и унапредување на знаењата и вештините кои се од витално значење за справување со најразлични безбедносни ситуации. Netpress
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во рамки на посетата на Будимпешта ги посети специјализираните оддели TEK (Центар за борба против тероризмот) и Keszenleti Rendőrség (Оддел за брз одговор и специјални полициски служби) на унгарската полиција. Sitel