Како што информира денеска Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, министерскиот состанок за енергетските иницијативи на COP29 е еден од клучните настани на енергетскиот ден на климатскиот самит во Баку, Азербејџан.
Овој состанок, кој се одржува во организација на COP29 претседателството на Азербејџан во соработка со УНИДО, Економската комисија за Европа на ООН (UNECE), Азиската банка за инфраструктурни инвестиции (AIIB), Меѓународната агенција за обновлива енергија (IRENA) и други значајни меѓународни партнери, има за цел лансирање на важни глобални енергетски иницијативи: Зелени енергетски коридори и зони, Глобалната иницијатива за складирање на енергија и електрични мрежи. Biznisvesti
Овие коридори ќе ги интегрираат обновливите извори во националните и регионалните електромрежи, поттикнувајќи енергетска стабилност, одржлив економски раст и нови работни места, притоа намалувајќи ги емисиите на стакленички гасови.
Македонија, преку Стратегијата за енергетика до 2040 година и Националниот план за енергетика и клима, веќе работи на зголемување на капацитетите за обновливи извори на енергија, како и на создавање инфраструктура за зелени зони и индустриски паркови кои користат обновлива енергија. Kanal5
На настанот присуствуваат високи претставници од владите на земјите учеснички, меѓу кои и министерката Сања Божиновска, како и претставници од приватниот сектор, меѓународни финансиски институции, и клучни донатори и филантропски организации.
Состанокот претставува можност за глобална мобилизација на поддршка и финансии за иновации во енергетскиот сектор, со акцент на климатски отпорни енергетски системи и поврзување на енергетските пазари на глобално ниво. A1on
Состанокот претставува можност за глобална мобилизација на поддршка и финансии за иновации во енергетскиот сектор, со акцент на климатски отпорни енергетски системи и поврзување на енергетските пазари на глобално ниво.
Овие иницијативи, како што се наведува, се од витално значење за регионалната енергетска трансформација, а Македонија е посветена на нивната имплементација. A1on