Работиме на реорганизација и реформи во работењето на Македонска пошта.
Резултатите на новото раководство ќе бидат забележани после Нова година, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на новинарско прашање во врска со наводите на Државниот завод за ревизија за состојбите во Пошта и зголемување на менаџерските плати на претходното раководство. Republika
Претходното раководство на Македонската Пошта, со директорот Идри Истрефи од ДУИ, наводно имало планови да го трансформира централниот објект на компанијата во кабаре, објави министерот за транспорт Александар Николоски, повикувајќи на истрага по извештајот на Државниот завод за ревизија.
Според Николоски, целта на претходното раководство не била приватизација на Македонската Пошта, туку уништување на компанијата и отворање на неколку приватни пошти. Plusinfo