Ниту еден од четворицата кандидати за претседател на Грција не ги доби потребните минимум 180 гласа при денешното трето гласање во Парламентот, а следното, кое се очекува да биде и клучно, ќе се одржи по пауза од пет дена, односно следната среда, јави дописничката на МИА од Атина.
Предлог за формирање специјална парламентарна комисија за спроведување на прелиминарна истрага за да се истражат какви било кривични одговорности на поранешниот министер без ресор Христос Триандопулос за железничката несреќа кај Темпи, достави грчката опозициска партија ПАСОК, јави дописничката на МИА од Атина.