Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева ја оцени како директен упад во судската власт одлуката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) според која Судскиот совет треба да ги повлече своите двајца членови кои ги назначи во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Libertas
Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, ја оцени како директен упад во судската власт одлуката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) според која Судскиот совет треба да ги повлече своите двајца членови кои ги назначи во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
Дамева во гостување на Топ Тема на Телма тврдеше дека одлуката на Судскиот совет да назначи двајца свои членови во УО на Академијата била транспарентна и ѝ забележа на ДКСК зошто не ги известила за седницата на која се разгледувала таа одлука. Republika
Но, Дамева е на ставот дека најрационално и најефикасно е тие да бидат од Судскиот совет.
Знаете, спроведувајќи ја надлежноста Судскиот совет го знае профилот на секој судија, и замислете ако имавме барем двајца членови на Судскиот совет во моментот на избор на директор, идентично е и за обвинители. Plusinfo
Колку од препораките на Оценската мисија на ЕУ досега се имплементирани?
Има ли решение за недостигот на судии кој дополнително ги поткопува ефикасноста и квалитетот на правдата? Telma
Тоа е прво, второ Судскиот совет не беше известен за седницата, која што беше закажана, мислам како интервентна со оглед на датумот на иницирање на постапката, па барем да беше запознат да имаше претставник таму да ја даде својата аргументација – рече Дамева.
Забелешките на антикорупционерите и невладините организации беа дека одлуката на Судскиот совет е незаконска затоа што законот предвидува членовите на Управниот одбор кои ги назначува Судскиот совет да бидат од редот на активните судии. Plusinfo
Во какво својство се ставила ДКСК?
Ова е директен упад во судската власт, атак врз независноста и самостојноста и на одлучувањето на членовите на Судскиот совет и воопшто на судството, рече Дамева. Telma