Владата и ЗЕЛС работат на измени на законот за експропријација кој кочи многу капитални проекти, особено во Скопје.
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николовски, по средбата со раководството на ЗЕЛС, изјави дека со измени во Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, во поедноставна постапка и ослободени од комуналии, ќе може да се градат училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи кои се во 100 проценти сопственост на општините и државата.