Знам, сигурно, дека корисниците ќе ги имаат оние услови за кои ние зборувавме, но морам да напоменам дека и во минатото, во овие 3 децении, државата секогаш субвенционирала ваков тип на заеми и оргомна сума на средства по основ на камати завршиле кај банките, или кај заемодавателите“, вели премиерот Премиерот очекува утре, на состанокот со банките, да има отворен разговор за ситуацијата, но не е сигурен дали средбата ќе вроди со плод и дали ќе успее да ги убеди банкарите да субвенционираат дел од трошоците за кредитите кои ќе се делат на компаниите од заемот од Унгарија.
„Очекувам да се видиме, да поразговараме отворено и очекувам на крај утре да ја завршиме целата работа и од следната недела да почнеме со подготовки за реализација на заемот зашто на дневна основа добивам повици од заинтересирани економски оператори кои сакаат да бидат корисиници на оваа линија за да можат да ги подобрат инвестициксите перформанси на своите компании“изјави денеска премиерот Мицкоски. Libertas