Кабинетот на косовскиот премиер, Албин Курти ја објави попладнево конечната агенда за заедничката средба на Владата на Косово и Владата на Северна Македонија, што ќе се одржи утре во Приштина.
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната меѓувладина седница во Приштина истакна дека очекува следната година економската соработка меѓу двете земји да достигне половина милијарда евра.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, на заедничката прес-конференција со премиерот на Косово, Албин Курти, зборуваше и за апсењата на поранешните војници на Ослободителната војска на Косово во Македонија.
Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека министрите за правда на Северна Македонија и на Косово работат на тоа што поскоро да се реши прашањето за екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ.