Ова беше клучната порака на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на дводневниот состанок на високо ниво во Будимпешта „Зајакнување на регионалната царинска соработка“ на којашто присуствуваа директорите на царините од Западен Балкан и земјите-членки на ЕУ. Настанот е организиран под покровителство на Националната даночна и царинска агенција на Унгарија во рамки на Унгарското претседателство на Советот на ЕУ. Истиот беше отворен со видео порака од еврокомесарот за проширување на Оливер Вархеји кој потенцира дека интеграцијата е многу значајна во процесот на проширување и оти царинските управи имаат клучна улога во овој процес.
На настанот од страна на учесниците беше потенцирано дека интеграцијата во единствениот пазар на ЕУ, соработката помеѓу царините во делот на воспоставување зелени коридори и размена на податоци и предвидливата бизнис клима обезбедува стабилност и раст на економиите. Republika
Ја подобруваме поврзаноста со регионот и ЕУ преку инвестиции во унапредување на инфраструктурата на граничните премини и забрзување на постапките при истовремена ефективна контрола. Sitel