Најпрво како човек, а потоа како пратеник и координатор на пратеничка група во Собранието, сакам да изразам огромна згрозеност од денешното недолично, безобразно и срамно однесување во Собранието, на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, напиша на неговиот фејсбук профил Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ.
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ одржа прес-конференција во врска со денешната ескалација во Собранието која ја предизвикаа пратениците од ДПМНЕ, а со цел владините функционери да избегнат одговори на прашањата поставени од Левица на денешната седница за пратенички прашања „Втори пратенички прашања по ред, ДПМНЕ ја ескалира ситуацијата во Собранието затоа што се опиени со власт и бидејќи се, просто, насилници.
Пратеникот од редовите на Политичката партија Левица, Сашко Јанчев, на денешната прес-конференција, се осврна и на вчерашните случувања во Собранието.
Пратеничката група на Левица денеска во Собранието поднесе интерпелација на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Илире Даути поради блокадата на законот за бранителите.