С Македонија е кандидат за членство во Европската Унија и важен и почитуван партнер на Европската Унија во областа на безбедноста и одбраната.
Како таква, таа е активна трета земја учесник во заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ. Ова го сооштија од Европската служба за надворешни работи, од каде посочија дека денеска во Брисел министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел потпишаа Договор за партнерство за безбедност и одбрана меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија. 360stepeni