Народната банка има клучна улога во одржувањето на финансиската стабилност.
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска остварила средба со Лујен Д. Тран, заменик-помошник секретар во Канцеларијата за техничка помош во Трезорот на САД, на која станало збор за зајакнувањето на финансиската стабилност и унапредувањето на билатералната соработка. Kanal5
Гувернерката Ангеловска-Бежоска и високиот претставник на администрацијата на САД, Тран, ги разгледале можностите за техничка помош и соработка за унапредување на регулативните рамки и финансиската стабилност.
Преку користење на експертизата од оваа важна финансиска институција на САД, Народната банка може уште повеќе да ги зајакне своите капацитети за управување со ризиците, за супервизија и дигитализација на финансиите, коишто се исклучително важни за јакнењето на отпорноста. Biznisvesti