Во јавниот градски превоз во главниот град следната недела треба да се вклучат шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас, што Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) вчера ги доби преку проект од Европската унија во вредност од 10 милиони евра.
— Оваа активност која денес ја спроведуваме е проект вреден 10 милиони евра којшто ќе придонесе за намалување на загадениот воздух, бидејќи тоа е еколошки проблем што го чувствуваме веднаш по почетокот на грејната сезона и со години го зема данокот врз здравјето на граѓаните, изјави амбасадорот на Европската унија во земјава, Михаил Рокас, на примопредавањето на шесте еколошки автобуси во Дирекцијата на ЈСП.
Мислам дека пред советниците во Советот на Град Скопје од нивна страна ќе биде иницирано дали воопшто кој било ќе има бесплатен јавен превоз поради долгот што централната власт го има кон Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, изјави денеска скопската градоначалничка Данела Арсовска.
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) доби шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас како донација од Европската Унија (ЕУ). Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михаил Рокас, во дирекцијата на ЈСП истакна дека донацијата е во рамките на проектот „ЕУ за чист воздух“, вреден 10 милиони евра, кој се очекува да придонесе кон намалување на загадувањето, а ги опфаќа најмногу загадените градови во земјата – Скопје, Битола, Куманово и Тетово.