Поранешниот вицепремиер и функционер на ДУИ, Артан Груби, го осуди палењето на македонското знаме за време на прославата на Денот на албанското знаме.
Коалицијата „Влен“ денеска на прес-конференција обвини дека младите кои го запалија државното знаме на Денот на албанското знаме се блиски соработници на поранешниот вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.
„По откривањето на планот за враќање на Никола Груевски со црвен тепих во Скопје и неможноста да даде одговори за оваа антидржавна и антиалбанска операција, ДУИ за чисто лични интереси ги користи младите како “ топовско месо“, само за да ја избегнат правдата што ги чека“, изјави на пресконференција Арбен Фетаи од Вреди.