Едно од опожарените возила во Куманово е сопственост на јавниот обвинител Џелал Бајрами, кој во изјава за МИА, нагласи дека очекува во најскоро време да бидат пронајдени сторителот/те на настанот.
Едно од возилата што синоќа беа опожарени во Куманово е на заменик-јавниот обвинител Џелал Бајрами, пренесе „360 степени“.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увиди на локациите каде беа опожарени два автомобили и една деловна просторија, информира Јавното обвинителство.
Општинскиот советник во општина Куманово, Фитор Јакупи, преку објава на својот фејсбук профил информираше дека му е опожарена приватната канцеларија во Куманово.