Љупчо Коцевски како шеф на Јавното обвинителство ЈО повеќе од 6 месеци имаше можност да почне да си ја работи работата за која е платен од граѓаните.
Само тој и обвинителите бирани во Струмица и Зајас може да не постапуваат по наводите за криминал во РЕК Битола, ЕСМ, МЕПСО, ТЕЦ Неготино, Државна Лотарија, ЈПДП, Министерството за здравство и другите институции за кои дури и медиумите изнесоа голем број сознанија за милионски криминали, рече Петрушевски Шест месеци Јавното обвинителство е во зимски сон, шест месеци нема ниту едно покренато обвинение за ниту еден случај на сериозен криминал и корупција за репрезенти од СДС и ДУИ кои со години ги ограбуваа институциите, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.