Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување мерка притвор за поранешен генерален директор на Државна лотарија и поранешен вицепремиер, двајцата осомничени во врска со истрагата за проневера во Државна лотарија, со цел, како што соопшти вечерва Обвиителството, притворската мерка да започне да се спроведува веднаш по нивното пронаоѓање и лишување од слобода.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Проневера во службата од член 354 од Кривичниот законик.