Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
9
19.54
22.78
0.89/0.50
9.00
4.01
0.45
898.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 9
14 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 676.2
Best clustering variants
14 0.99/0.01 2 676.2
Nezavisen

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по спроведена сеопфатна истражна постапка денеска до основниот кривичен суд Скопје поднесе oбвинителен акт против едно лице и oбвинителен предлог против едно правно лице и три физички лица.

Во периодот од 2014 до 2020 година во Тетово, првообвинетиот С.Ш. како сопственик и управител на обвинетото правно лице од Тетово, заедно и по претходен договор со третообвинетиот Х.Ф. тогашен директор на Националната установа – Центар за култура „Иљо Антески -Смок” – Тетово и со четвртообвинетиот А.А. – претседател на Комисијата за јавни набавки, а потоа и ВД директор на центарот за култура, свесно ги изигрувале прописите и правилата на постапката за доделување на договорот за јавна набавка и ја злоупотребиле својата службена положба и овластување. Nezavisen

Plusinfo

„Со склучувањето на нови договори во вкупен износ од 1.345.917.098 денари без ДДВ (21,4 милиони евра) извршиле процентуално надминување на вредноста на основниот договор со зголемување од 93% од договорената цена со основниот договор, која изнесувала 694.495.000 денари без ДДВ (11,2 милиони евра). Дополнително, со неизвршување на законските обврски за евидентирање и пријавување на даночни обврски и поради тоа што не изготвиле основен проект на изменета состојба, на штета на Буџетот на Македонија од средствата дополнително одобрени и наменети за проект и јавна набавка на ентериер за театарот, се задолжени и се исплаќаат значителни износи од 232.699.289,00 денари (3,8 милиони евра) за данок на ДДВ, кој навремено не го евидентирале и пријавиле и од кој би биле ослободени“ соопшти Јавното обвинителство.

Петтообвинетиот Б.М. како главен надзорен инженер во правното лице ангажирано како надзорен орган, при спроведувањето на договорот за јавна набавка од 2015 до 2020 година, искористувајќи исти прилики, преземал повеќе временски поврзани дејствија на пропуштање должен надзор и на друг начин очигледно несовесно постапувал при вршење на неговите посебни овластувања, додава ЈО. „Тој ги потпишувал градежните дневници и книги со количини според основниот проект, овозможил да бидат потпишувани анекси на договори врз основа на претходно доставени времени и завршни ситуации и да биде извршен технички прием на објектот Театар и Библиотека Тетово, иако, според одредбите од Законот за градење, претходно требало да биде изготвен пПроект на изведена состојба врз основа на новата состојба на објектот, со нови количини. Plusinfo

Libertas

Тој ги потпишувал градежните дневници и книги со количини според основниот проект, овозможил да бидат потпишувани анекси на договори врз основа на претходно доставени времени и завршни ситуации и да биде извршен технички прием на објектот Театар и Библиотека Тетово, иако одредбите од Законот за градење претходно требало да биде изготвен Проект на изведена состојба врз основа на новата состојба на објектот со нови количини, а имајќи предвид дека конструктивниот систем бил целосно сменет, со нов проект требало да се бараат нови конструктивни и статички анализи на објектот.

Како резултат на тоа што не бил изготвен Проектот на изведена состојба и немало решение за одобрување на измените што би било составен дел од одобрението за градење, не бил изготвен и Проект за употреба и одржување, па така објектот не може да се запише во јавните книги на недвижности. Libertas

Plusinfo

Воедно, ја зголемувале вредноста на проектот, а за да ја оправдаат, склучиле 12 анекси на договорот, со што бил исплатен износ за 138.488.064 денари (2,2 милиони евра) повеќе од првично договореното и од предвидените пари за таа намена.

Со така склучените анекси, иако постапката била неделива, го поделиле и го измениле предметот на склучениот договор од фаза „клуч на рака“ во фаза „затворена карабина“ и на тој начин овозможиле во иднина да се водат две нови постапки за јавни набавки и да се доделуваат нови договори за доградба – втора фаза, со што овозможиле корист за потенцијалните економски оператори во дополнителните постапки“, соопшти ЈО. Во 2018 и во 2021 година, се додава, спровеле нови постапки за јавни набавки, едната за изработка на проектна документација фаза ентериер за објект во изградба и втора за изградба на втората фаза од објектот за театарот и библиотеката во Тетово. Plusinfo