Оставете ја емоцијата, оставете ги билатералните прашања коишто предизвикуваат емоција, ајде да зборуваме за билатерални соработки, од коишто ќе имаме реални опипливи резултати коишто ќе се темелат на прогресивен напредок, ова е дел од пораката на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по Самитот во Брисел.
Премиерот на техничката влада на Бугарија, Димитар Главчев, разговарал со Христијан Мицкоски за време на самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел, јавува БТА.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за МРТ од ЕУ Самитот посветен на земјите од Западен Балкан во однос на проблемот со Бугарија истакна неговата дискусија на Самитот се водеше од тоа дека потребно е решение кое ќе гарантира да го изодиме патот до крај, но преговори за идентитетски прашања не доаѓаат во предвид, додека договорите со соседите треба да се читаат такви какви што се бидејќи во двата ни ветуваат безусловна поддршка на патот кон ЕУ. „Тоа беше и мојата дискусија и вчера и денеска дека билатералната соработка е клучна кога зборуваме за економска соработка, туризам, кога зборуваме за развој на „know how“ вештини, образование и тука тој процес има додадена вредност.