Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Гевгелија присустуваше на поставување на камен темелник за изградба на Трговски центар, инвестиција вредна околу 20 милиони евра, со која, како што е најавено, ќе бидат отворени 350 нови вработувања.
Многу амбициозен е планот на инвеститорот, но не и неостварлив бидејќи до сега како што и самиот инвеститор во својот говор овде кажа во рекордно време благодарение на амбициозниот тим и амбициозната работа на градоначалникот на Општина Гевгелија овој проект доаѓа во оваа фаза во која што е денеска, да можеме да поставиме камен темелник на инвестиција вредна самите слушнавте околу 20-тина милиони евра. Netpress
Нашата цел, подвлече Мицкоски, е да оваа година за прв пат да забележиме бројка на инвестиции која што ќе надмине една милијарда евра, со што како држава ќе бидеме во првите три по глава на жител кога станува збор за странски инвестиции.
Уште еднаш честитки на инвеститорот за одлучноста, благодарност до општината, до администрацијата, до сите што помагаа за оваа инвестиција да дојде во оваа фаза во која што е денес, изјави Мицкоски, од Гевгелија. Kanal5
Немам што да додадам од тоа што го кажа градоначалникот и инвеститорот, освен тоа да посакам среќа и успешна работа и што побргу да се реализира, изјави премиерот Христијан Мицкоски во Гевгелија каде почна изградбата на Трговски центар. Denesen