„Веста дека од страна на Битолското обвинителство е отворен предмет за фотографијата на заменик директорот на Македонија пат, Сашо Дранго, сликан со застрелана мечка, животно со највисок степен на заштита во Македонија е добар чекор кон разрешница, доколку сакаме да се наречеме правна држава“, велат од Анима Мунди. Libertas
Заменик директорот на „Македонија пат“ и претседател на унијата на ветерани во Демир Хисар, Сашо Дранго, гордо се фотографира со мечка што ја застрелал во декември 2024 година, реагира „Анима Мунди“, објавувајќи и две фотографии. Radiomof
Па како вработен во Македонија пат бев таму за што има записник и во полициската станица во Битола и таа мечка ја отстранивме од коловозната лента во месноста ротино-битолско.
Станува збор за таа мечка која е на фотографијата“, изјави Сашо Дранго, заменик директор на Македонија пат. Fokus
Основното јавно обвинителство од Битола отвори предмет за случајот со мртвата мечка и фотографијата на која позира заменик-директорот на „Македонија пат“, Сашо Дранго. A1on
Активистите го обвинуваат дека ја убил, тој се правда дека ја нашол покрај патот.
Од здружението за заштита на животните Анима Мунди тврдат дека заменик директорот на „Македонија пат“, Сашо Дранго, минатиот месец убил мечка и се фотографирал со неа. Kanal5