Ние имаме договор со синдикатите, постигнавме историски договор со синдикатите на долг рок во следните четири години и после оние првични 10% зголемување на паричната маса за исплата на плати, па во рамките на таа парична маса кај техничкиот персонал имаме поголемо процентуално зголемување, кај докторите помало, но генерално оние 10% зголемена парична маса во октомври се случи, односно од ноември за октомври, истото тоа сега ќе се случи од април за март практично, тие 5% ќе се зголеми и така ќе се зголемува во следните 4 години.