Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01% во однос на одлуката од 13 јануари.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,563%, кај дизелот за 4,337%, кај екстра-лесното масло зголемувањето е за 4,124% и кај мазутот зголемувањето е за 2,809%.
Па така од полноќ дизелот поскапува за 2 денари по литар и сега неговата цена ќе биде 75,5 денари по литар.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73,00 ден/лит. Press24
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 75,50 денари за литар.
За 1,051 денари поскапува и Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 46,336 денари. Novamakedonija
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01 % во однос на одлуката од 13.01.2025 година. Skopjeinfo
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се се зголемува за 2,00 денара по литар, а цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, соопшти Регулатрорната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 75,50 денари за литар. Denesen
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,051 ден/кг и сега ќе изнесува 46,336 ден/кг. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Од 17.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 75,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 46,336 (денари/килограм). A1on
Дизелот од полноќ поскапува за 2 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика во т.н. вонредна корекција на цените.
Иако тоа не е правило, сепак, Регулаторна цените на горивата обично ги менува секој понедленик но кога на пазарот ќе се јави потреба, од пред некоја година ја доби можноста измените да ги прави во било кој ден кога за тоа ќе се создадат услови. Libertas
За 3,2 пати е зголемен бројот на заболени од грип во периодот од 6 до 12 јануари во споредба со првата недела од јануари.
По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против поранешен в.д. директор на комуналното претпријатие „Гази Баба – 2007“ обвинет за проневера во службата.
Бранко Костовски, претседател на Синдикалната организација при Министерството за култура и туризам на УПОЗ, денеска ја изрази загриженоста за ниските плати на вработените во Министерството, кои се под просечната плата во Република Северна Македонија.
Платите на 70 отсто од вработените во министерството се под просечната плата во Република Северна Македонија, а разликата со платите на вработените на истите позиции во државните органи кои го добија додатокот на основна плата, е 30 проценти, рече денеска Бранко Костовски, претседател на Синдикална организација при Министерството за култура и туризам на УПОЗ, на протестот пред Министерството за култура.
Јавниот обвинител на Република Македонија, Љупчо Коцевски, и Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потпишаа Договор за соработка и размена на податоци во електронска форма.
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска потпишаа договор за соработка и размена на податоци во електронска форма меѓу двете институции.
Министерството за одбрана до Владата на САД доставило шест писма со барања преку кои се бара да се реализира набавка на воена опрема.
Заменик-министерката за одбрана, Елфет Исмаили на денешната седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност информира дека Министерството до Владата на САД доставило шест писма со барања преку кои се бара да се реализира набавка на воена опрема.