Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски од утре ќе престојува на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на Генералштабови од земјите членки на НАТО и партнерите.
Како што информира Министерството за одбрана, на првиот ден на конференцијата ќе се одржат сесии со началниците на земјите членки на НАТО, на кои ќе се дискутира за повеќе теми меѓу кои безбедносната состојба во зоната на одговорност на Алијансата и подготвеноста за одбрана и одвраќање, модернизацијата и интероперабилноста на НАТО Алијансата, придонесот кон стабилноста и безбедноста, заканите, ризиците и предизвиците. Kanal5
На претстојната конференција во првиот ден ќе се реализираат сесии со началниците на земјите членки на НАТО, на кои ќе се дискутира за повеќе теми меѓу кои безбедносната состојба во зоната на одговорност на Алијансата и подготвеноста за одбрана и одвраќање, модернизацијата и интероперабилноста на НАТО Алијансата, придонесот кон стабилноста и безбедноста, заканите, ризиците и предизвиците.
Највисокиот воен авторитет на НАТО алијансата, Воениот комитет во формат на началници на Генералштабови се состанува двапати годишно во седиштето на НАТО во Брисел, а еднаш годишно се одржува во една од сојузничките земји членки на база на ротација. Sitel