Средбата меѓу Владата и Синдикатот на УПОЗ ќе се реализира откако премиерот Христијан Мицкоски ќе се врати од официјалната посета на САД, велат од Владата во изјава за МИА.
Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска ќе одржи протест пред Министерството за финансии.
Синдикакот на УПОЗ доставил официјално барање за средба со владини претставници, во насока на решавање на проблемот со колективните договори на дел од вработените во јавната администрација.
Доколку не се постигне договор со Влада, не се исклучуваат и понатамошни протести, штрајкови и тужби, изјави претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, на денешниот протест пред Министерството за финансии.