“Претпоставуваме дека ќе постои отпор или незнаење кај одредени институции, затоа имаме двоен пристап, едниот со кој што ќе им објасниме на институциите како да ги прифаќаат документите, и второ, подготвуваме упатство за граѓаните како да си ги заштитат своите права, во случај да не можат, да знаат кој е начинот на кој што може да делуваат, дали на лице место или да го контактираат нашето министерство.” изјави Андоновски Министерот додаде дека оваа година ќе се направи напор и да се лиценцираат определен број на инспектори, и тие да бидат дел од сектор во рамки на министерството, а доколку има потреба ќе се формира и инспекторат. Kanal5