Подготвен сум да разговарам било каде и со било кого со цел да најдеме решение со кое ќе се одблокира пристапниот процес, но кое ќе биде трајно, а не инстант и само за сега, туку решение кое понатаму ќе ни овозможи достоинствени преговори до самиот крај, а не само за првите чекори, порача вечерва од Њујорк премиерот Христијан Мицкоски.
Во државата нема лекови, власта вели дека нема пари за плати за работниците, нема пари за поголема минимална плата а запнала авион за функционерите да купува со пари на граѓаните.
Патувањето на премиерот Мицкоски во САД требаше да биде дипломатска мисија од висок ранг, но се претвори во евтина ПР фарса на сметкa на граѓаните која не им носи ништо ниту на нив ниту на државата.
Премиерот Христијан Мицкоски не ја разбира реакцијата на грчкото министерство за надворешни работи на неговата изјава од Њу Џерси, САД, дека „треба да победуваме и во Вашингтон, Брисел, Берлин, Лондон, Париз, Рим и други светски метрополи ако сакаме македонското прашање конечно да добие своја разврска, бидејќи тоа не е решено, тоа со векови тлее и трае и сè уште постои“.