Предлог-програмата „Иницијално образование“ била претставена на денешната средба со Консултативната работна група за ран детски развој, на која присуствувале декани од педагошките факултети во државата, професори, експерти, вработени од Министерството за социјална политика, демографија и млади и Проектната единица на Министерството.
На средбата присуствувале и министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, деканот на Филозофскиот факултет-Скопје, проф. д-р Оливер Бакрески, и вишиот специјалист за образование од Светска банка, Бојана Нацева.