„Петтата зимска школа е расадник на светската македонистика преку која студентите, професорите, научните истражувачи, македонистите, филолозите, културолозите од странските универзитети во светот, имаат можност да ја растат и да ја развиваат македонистиката, да ги усовршуваат македонскиот јазик, литература и култура“, истакна претседателката, изразувајќи задоволство што македонистиката е стабилна, студиозна и аргументирана наука со долга традиција и врвни резултати.
Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова Почитувани македонисти од целиот свет, Почитувана проф. д-р Биљана Ангелова, ректорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Почитувана проф. д-р Кристина Николовска, директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, Имам чест да се обратам на ова големо македонистичко собрание од 100-тина македонисти од целиот свет, од 18 земји, амбасадори на импресивната мисија на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Nezavisen