Со настапот на Свечената академија посветена на празникот Свети Сава, со која се одбележува денот на српската заедница во Македонија како рамноправна со другите заедници наведни во Уставот на државата и на оние помали заедници кои живеат, во Македонија, претседателот на српскиот ентитет на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, ги навреди сите граѓани на Македонија со своето дрско непочитување на ставовите и позициите на домаќинот, велат од ЛДП.
ЛДП бара од Владата да им се придружи на санкциите на САД и на Британија и да му забрани влез во Македонија на Милорад Додик и други спорни лица од регионот.