Вниманието на светот денеска е свртено кон Аушвиц-Биркенау, еден од најтемните симболи на човечката историја, а по повод одбележувањето на 80 години од ослободувањето на овој нацистички логор во Полска. Kanal5
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на одбележувањето на 80. годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен и логор за истребување Аушвиц-Биркенау, во предградието на полскиот град Освиенцим, близу Краков. Mk
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова ќе престојува во посета на Република Полска, по повод одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен и логор за истребување Аушвиц-Биркенау, во предградието на Освиенцим, близу Краков.
На комеморацијата, која ќе се одржи во меморијалниот центар и музеј „Аушвиц-Биркенау“ денеска на Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот, најавено е присуството на педесетина државни делегации од целиот свет, предводени од шефови на држави и влади, високи владини претставници, како и претставници на меѓународни организации и преживеани лица од логорот. Novamakedonija
Комеморацијата во Меморијалниот центар и музеј „Аушвиц-Биркенау“ започна со поздравни обраќања и сведоштва на преживеаните, а во рамки на комеморативниот настан се обратија претседателот на Светскиот еврејски конгрес, Роналд Лаудер и директорот на Меморијалниот центар и музеј „Аушвиц-Биркенау“, Пјотер Цивински.
Со читање молитви и палење свеќи, присутните им оддадоа почит на жртвите на холокаустот пред вагонот од товарен воз, поставен пред главната капија на логорот Аушвиц II-Биркенау, како симбол на одбележувањето на годишнината. Novamakedonija
Израел, сепак, одлучи да го испрати својот министер за образование, Јоав Киш.
Меѓу голем број на шефови на држави или влади е и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Nezavisen
Музејот го осуди нападот на Москва врз соседна Украина како „варварски чин“.
Рускиот претседател Владимир Путин учествуваше во 2005 година на церемонијата по повод 60-годишнината од ослободувањето на Аушвиц. Slobodnaevropa
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека светот никогаш нема да ги заборави шесте милиони „ладнокрвно убиени Евреи и сите жртви на холокаустот“.
„Додека исчезнуваат последните преживеани, наша должност како Европејци е да се сеќаваме на тие неописливи злосторства и да го почитуваме споменот на жртвите“, напиша Урсула фон дер Лајен на X пред денешното одбележување на 80-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау во Полска. Plusinfo