Предизвик е да се ангажираат експерти од ИТ сектор во државните институции со оглед на разликата во висината на платите во однос на приватниот сектор, но Владата ќе преземе чекори за надминување на проблемот, изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по завршувањето на симулациската вежба базирана на сценарио за сајбер напад.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром во објектот на Воената Академија „Михајло Апостолски“ каде ќе биде симулиран сајбер хибриден напад.