Продолжуваме со одговорно управување со државниот имот.
Денеска во печатените медиуми објавен е огласот за избор на концесионер за комплексот „Македонско село“, кој се наоѓа на падините на Водно, блиску до селото Нерези, со цел комплексот повторно да почне да работи и се врати на туристичката и културната мапа на Македонија. Denesen
Почетната цена за закупнина на целиот комплекс изнесува 240.000 денари, а почетната цена на концесијата на поединечните делови е 44.529 денари, 49.868 денари, 54.839 денари и 91.575 денари.
На законски и транспарентен начин ќе биде одлучено кој во иднина ќе стопанисува со „Македонско село“. Press24
Владата денеска објави оглас за изнајмување на комплексот „Македонско село“ во скопско Нерези.
Комплексот ќе се издаде на идните закупци на 15 години, а јавното наддавање ќе се одржи на 14 февруари. Kanal5
Владата денеска објави оглас за изнајмување на туристичко-етнографскиот комплекс „Македонско село“ во скопско Нерези, со планиран закуп од 15 години.
Јавното наддавање ќе се одржи на 14 февруари, а комплексот е поделен на четири целини, за кои ќе се лицитира одделно. Mk