Спикерот нема ингеренции да предложи претседател ама ќе повикува пратеници да ја водат Комисијата за социјална политика ако столчето остане испразнето, а доаѓаат закони на разгледување.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите нагласи дека тој нема ингеренции да предлага претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска на брифинг со новинарите информира дека речиси целосно е готов посебниот закон со кој ќе се спречи изградбата на катната гаража со деловен простор на локација зад собраниската зграда.