На иницијатива на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, се одржа работна средба на актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување, заради размена на искуства поврзани со примената на институтот помилување. Kanal5
При неговото давање и одмерување не смее да има политичко и партиско влијание.
Во процесот на помилување најважна е координираната работа меѓу судот, Министерството за правда и Комисијата за помилување, со почитување на начелото на поделба на власта. Fokus
На средбата одржана на иницијатива на Силјановска-Давкова, како што соопшти нејзиниот кабинет, таа образложила дека основната причина за свикувањето на средбата е неподелениот став на правниците дека постојниот закон предизвикува сериозни проблеми во процесот на помилување и дека има потреба од нов закон.
Консултирањето на членовите на претходните комисии за помилување, според неа, е неопходен чекор за утврдувањето на недостатоците и проблемите, како и нотирањето на излезните правни и институционални решенија. Novamakedonija
Членовите ја посочија и потребата за обезбедување механизми, преку индивидуален пристап комисијата изворно да се информира за состојбата на осуденикот и степенот на неговата ресоцијализација, независно од природата и висината на казната.
На работната средба, учесниците ја констатираа неопходноста од донесување на нов закон за помилување, што ќе ги земе предвид искуствата од примената на актуелниот закон, како и компаративните искуства и примери. Sitel
Потребна е деполитизирана и департизирана постапка, како и донесување нов закон за помилување, е заедничката оценка од денешната работна средба на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување. Sitel