Претседателот на СДСМ Венко Филипче и заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, во Загреб, Република Хрватска остварија работни средби со раководството на Социјалдемократската партија на Хрватска, со претседателот Синиша Хајдаш Дончиќ, со потпретседателот Ранко Остојиќ и со меѓународниот секретар, Каролина Леаковиќ.
Владата е одговорна да се грижи за граѓаните да не доживуваат вакви цени, поради тоа што таа е одговорна за формирањето на цените, истакнал претседателот на СДСМ, Венко Филипче кој е во дводневна работна посета на Хрватска, на средби со раководството на хрватската Социјалдемократска партија (СДП). -Еве и тука, во Хрватска, има протест на граѓаните за високите цени на маркетите.