До денеска е рокот до кога може да се праќаат коментари за нацрт-концепцијата за реформи во гимназиското образование на е-адресата: , откако таа беше објавена на веб-страницата на Бирото за развој на образованието (БРО). По реакциите од катедри и институти, главно од Филозофскиот факултет на УКИМ, дека со концепцијата се редуцираат содржини од некои предмети од општествените науки, министерката Весна Јаневска денеска изјави дека многу сериозно ги сфаќаат сите изјави дадени од сите факултети и дека рокот за сугестии може да биде продолжен. Novamakedonija
До денеска е рокот до кога може да се праќаат коментари за нацрт-концепцијата за реформи во гимназиското образование на е-адресата: [email protected], откако таа беше објавена на веб-страницата на Бирото за развој на образованието (БРО). По реакциите од катедри и институти, главно од Филозофскиот факултет на УКИМ, дека со концепцијата се редуцираат содржини од некои предмети од општествените науки, министерката Весна Јаневска денеска изјави дека многу сериозно ги сфаќаат сите изјави дадени од сите факултети и дека рокот за сугестии може да биде продолжен.
Покрај досегашната онлајн-дискусија, рече таа, ќе продолжат и на терен за да се направи најдобар предллог-текст на концепцијата, посочувајќи дека сегашната верзија може да биде изменета. Netpress
Предложениот документ нуди модерни пристапи кои се насочени кон стекнување практични вештини, развивање критичко размислување, интеграција на дигитални технологии и усогласување со меѓународните образовни стандарди, како и поголем избор за учениците, со цел тие самите да можат да го моделираат својот образовен пат, според нивните интереси и идни цели.
Мислењата и сугестиите на сите чинители на образовниот процес се од исклучителна важност за креирање гимназиско образование кое ќе ги подготви учениците за современите предизвици и ќе обезбеди меѓународно споредливи образовни резултати – наведе МОН во повикот за онлајн дискусија за концепцијата. Novamakedonija
Реформите се почнати затоа што гимназиското образование, како што посочи МОН, „повеќе од две децении не е предмет на суштински реформи, што го доведе до состојба на недоволна усогласеност со современите потреби и меѓународните стандарди“.
Истражувањата покажуваат дека и наставниците и учениците ја препознаваат потребата од промени, особено во насока на модернизација на наставните програми, можност за избор на предметите, воведување современи методи на учење и оценување, како и унапредување на вештините релевантни за 21 век – информираше МОН. Novamakedonija
Секако дека може да се продолжи, секако дека ние многу сериозно ги сфаќаме сите изјави дадени од сите факултети, иако главно станува збор за Филозофскиот факултет.
Веќе еднаш кажав дека ова е нацрт-концепција и дека може да претрпи промени. Libertas