1 (16) ■ вести > македонија > хроника ■ 21-Mar 12:11 -> 21-Mar 12:44
.
.
.
.

Министерството за транспорт одзеде 97 лиценци согласно Законот за градење

  • Николоски: Oбемни контроли на лиценците, проверени над 640 – кај 97 правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови

Од издадени над 1.100 лиценци, Министерството за транспорт досега изврши контрола на 643 лиценци согласно Законот за градење и урбанистичко планирање поради што кај 97 лиценци е констатирано дека по издавањето, правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои се издадени поради што ќе се донесат решенија за одземање на лиценците – најави денеска министер за транспорт Александар Николоски.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на прес-конференција соопшти дека во тек е контрола на сите издадени лиценци согласно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање.

9 (9) ■ вести > македонија > хроника ■ 21-Mar 10:52 -> 21-Mar 11:38
.
.
.
.

Финансиска полиција активно вклучена во големата акција за проверка на работата на кабареа, дискотеки и ноќни клубови

  • И ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ГИ ПРОВЕРУВА ДИСКОТЕКИТЕ Се бараат финансиски проневери, нелегално работење, избегнување данок…

Финансиската полиција со сите свои капацитети е активно вклучена во акцијата што отпочна по трагедијата во Кочани, а која треба да утврди дали угостителските објекти кои функционираат како кабареа, дискотеки и ноќни клубови во земјава работат согласно законските прописи.

Финансиската полиција е активно вклучена во големата акција за проверка на работата на објектите кои функционираат како кабареа, дискотеки и ноќни клубови низ земјава и постапува согласно со своите законски надлежности, соопшти Управата за финансиска полиција.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

96 (5) ■ бизнис > економија ■ 20-Mar 15:38 -> 21-Mar 10:33
.
.
.
.

ТРОВСКАТА ВОЈНА МОЖЕ ДА ЈА ЗГОЛЕМИ ИНФЛАЦИЈАТА ВО ЕУ ЗА 0,5% Лагард предупреди дека најголем удар од повисоките царини ќе има во првата година

  • Растот на еврозоната е изложен на ризик во случај на царинска војна, предупредува Кристин Лагард

Трговските конфликти би можеле да ја зголемат инфлацијата во еврозоната за дури 0,5 процентни поени и сериозно да го забават економскиот раст, предупредува претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, пренесе Според шефицата на Европската централна банка, слабеењето на еврото и ескалацијата на трговските тензии дополнително би го комплицирале водењето на монетарната политика Говорејќи пред Европскиот парламент, Лагард истакна дека трговската несигурност претставува сериозна закана за економскиот раст и инфлацијата во еврозоната.

Еврозоната, која е силно зависна од меѓународната трговија, би можела да изгуби до 0,5 процентни поени од својот раст во случај на царинска војна.