Тој нагласи дека истовремено ќе се води сметка и за пазарната економија, односно да не дојде до нарушување на нејзините принципи и додаде дека сите засегнати треба заедно да работат со цел од целата ситација да излезат како победници.
Пораки дека решение за високите цени треба да се бара низ дијалог меѓу производителите и продавачите и да се почитува Законот за нефер трговски практики, беа упатени во тек на бојкотот на големите синџири маркети што се одржа вчера првпат во државава по постојаното поскапување на основните прехранбени производи. Sitel
За бојкотот граѓаните преку социјалните мрежи, беа повикани да не пазарат, по примерот на Хрватска и уште неколку држави.
Според податоците на Сојузот на синдикати на Македонија, минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јануари се зголемени за 391 денар во однос на декември. Kanal5
Премиерот Христијан Мицкоски денеска еден ден по бојкотот на големите маркети по постојаното поскапување на основните прехранбени производи, изјави дека инспекторите се на терен во сите поголеми супермаркети, се прави детална анализа, при што според првичните сознанија она за што биле загрижени во однос на цените е всушност реалност. Novamakedonija