Соопштение на ДУИ За прв пат од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ниту еден Албанец не зазема водечка позиција во Армијата на Северна Македонија.
На указите на претседателката на државата за промена во командните структури на Вооружените сили на Република Северна Македонија попладнево реагираа од опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ), од каде што велат дека овие дејствија не само што ги маргинализираат Албанците, туку и директно ги загрозуваат интегритетот и безбедноста на одбранбените структури Претседателката денеска им нанесе тежок удар на Албанците во Армијата на Северна Македонија, деградирајќи ги, напиша на својот фејсбук-профил Кренар Лога, дел од струјата на Алијанса за Албанците предводена од Зијадин Села, и поранешен министер за правда, реагирајќи на одлуката на Гордана Сиљановска-Давкова за промени во командните структури на Армијата.